Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ДЗСИ: Парична казна за Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти  15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на директорската позиција извршувал здравствена дејност. За ова Кузмановски ќе биде прекршочно парично казнет, а таква казна ќе има и за правното лице и за одговорно лице во правното лице. 

-На ден 14.10.2025 година извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје по издадена наредба од Министер за здравство бр.17-9871/1 од 14.10.2025 година до Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  а во врска со неговата работа како директор на клиниката и како здравствен работник, информираат од Министерството за здравство.

Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат оттаму, извршен е увид во персоналното досие на именованиот и останатата документација на клиниката во врска со предметот на инспекцискиот надзор 

Реклама

-При надзорот е констатирана следната фактичката состојба : Со решение од Министерство за здравство бр.11-8171/1 од 07.08.2025г. проф. д-р Игор Кузмановски е именуван за в.д. директор на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје. Врз основа на решението, од страна на Управниот одбор на клиниката (УО) донесено е решение бр.0402-1885/1 од 21.08.2025г. за мирување на работното место на проф.д-р Игор Кузмановски доктор специјалист невролог раководител на Оддел за развојна неврологија сметано од 08.08.2025 година. Според календарот на активности во интегрираниот информатички систем Мој Термин за сите доктори специјалисти вработени во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје за периодот од 01.01.2025г година заклучно со 30.11.2025 година се констатира дека д-р Кузмановски обавувал здравствена дејност до 08.08.2025 год. Со назначувањето на в.д.дирекор не се евидентирани здравстени услуги реализирани од негова страна. Од увидот во персоналното досие утврдено е дека има последна лиценца за работа издадена од Лекарска комора (ЛК) на Република Македонија бр.0009786 со важност до 15.03.2025 година. Од тој датум до денот на назначување на в.д. директор проф. д-р Игор Кузмановски обавувал здравствена дејност, се појаснува во соопштението.

Од ДЗСИ велат дека во врска со работата на проф.д-р Игор Кузмановски како здравствен работник без важечка лиценца за работа ќе му биде издаден прекршочен платен налог според член 309 став 1 точка 1 од Законот за здравствената заштита, но оти ќе следи и прекршочен платен налог за правното лице и за одговорно лице во правното лице, односно претходниот директор.

Од увидот во персоналните досиеја на останатите доктори, вкупно 33, се констартира дека сите лиценци се во рок на важност.

Во врска со работењето на клиниката било констатирано дека специјалистички извештаи после извршените прегледи кај докторите се оверуваат (со со факсимил на докотрот и печат на здравствената установа) од страна на административните работници на пултот, што не е во согласност со член 13 од Законот за евиденциите во областа на здравството.

За сите констатирани недостатоци во однос на работата на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, ќе биде издадено решение за наредба за отстранување на недостатоците.