Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет на закони за реформите во судството и дека веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи, како што нагласи „не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени“.

Сиљановска-Давкова рече дека имало периоди кога државата била ревносна во поднесувањето на барања за мислења од Венецијанската комисија, но и кога воопшто не сме го правеле тоа, нагласувајќи дека се израдувала што на дневен ред на Венецијанската комисија се нашло барањето за давање мислење за законот за јавното обвинителство и дека поминал законот. 

-Да, информирана сум дека министерот за правда целиот пакет на закони врзан за реформите во судството го пратил на Венецијанска комисија и добил мислења за тоа. Веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени и мислам дека тоа е еден добар потег, изјави Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на 15 Октомври – Меѓународниот Ден на белиот стап.

Реклама

Иако не се задолжителни мислењата на Венецијанската комисија, Сиљановска-Давкова поттцрта дека препорачува сите закони, кога се во нацрт верзија да се праќаат до Венецијанската комисија, зошто како што рече, „таму седат врвни разни правници и тие се борците и заштитниците на владеењето на правото, наместо владеењето на поединиците“.

-Мислам дека тоа е добар потег и од следнава причина. Веќе нема да се оценува само хармонизацијата со европското право, туку и имплементацијата и тогаш два органи добиваат клучна улога. Венецијанската комисија, како комисија за владеење преку право и ГРЕКО (Група на држави против корупцијата). Ние мора да се подготвиме за тоа, рече Сиљановска-Давкова. 

Всушност, посочи Сиљановска-Давкова, Венецијанската комисија затоа и била создадена во 90-тите година, за да им помогне на држави.