Реклама

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Прилози

Булингот меѓу младите во Македонија е сè почеста појава – дел од насилниците најчесто и самите биле жртва

Тројца малолетници физички нападнале сооученик, група девојчиња психички и физички малтретирале врсничка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца малолетници физички нападнале сооученик, група девојчиња психички и физички малтретирале врсничка, а видеото од насилството завршило на социјалните мрежи. Овие случаи се само дел од низата на регистрирани инциденти на врсничко насилство во државата. Во последната деценија бројот на вакви случаи расте.  Истражувањата покажуваат  дека  дел од насилниците најчесто  и самите биле жртва на физичка или емоционална злоупотреба.

„Тој го прави тоа бидејќи има потреба да истакне дека е моќен за да компензира од некаде каде ја немал таа моќ и сила. Знаете, имаме еден магичен круг на насилство -оној што е жртва на едно место, станува насилник на друго место„ изјави Софија Георгиевска-Филозофски факултет-УКИМ.

Загрижува фактот што булингот е присутен и во најрана возраст, а најмногу кај адолесцентите. Насилството не завршува во училиштето, туку продолжува и надвор од него, најчесто преку социјалните мрежи..

Реклама

„Булингот не завршува само во училиштето. Не завршува надвор. Дури тогаш почнува, а продолжува дома. Тогаш детето кога ќе дојде дома сфаќа колку може да развие анксиозност, депресија, осаменост, тага, да развие една ситуација во која ќе сес чувствува несреќно, тажно и осамено. И не само она дете кое е жртва на булинг, туку и оние кои што се неми сведоци, набљудувачи не знаат како да постапат во таква ситуација. Се плашат да пријават, затоа што насилникот е многу помоќен од нив„ изјави Софија Георгиевска-Филозофски факултет-УКИМ

Екпертите алармираат, дека најсилното оружје во борбата со булингот е раното откривање и навремена рекција од сите институции. Според податоците до МОН, за минатата учебна годин на ниво на држава биле поднесени 48пријави за врсничко насилство.