Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен. Имено, на 03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра, соопшти денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.

Инаку, Симеон и Горан Крстеви се луѓе од најблиското опкружување на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.

Реклама

Фирмите не се јавувале како изведувач на тендер, за во прво време да не бодат очи, но затоа потоа тие биле ангажирани како подизведувачи.

Ова е само еден од начините на кои парите од Марковски компании директно се слевале во околината на Заев.

Само од еден тендер, две фирми подизведувачи во сопственост на луѓе блиски до Заев, заработиле 5 милиони евра.

Затоа Заев и Филипче мора да бидат историја на политичката сцена. На 19ти октомври да го направиме вистинскиот избор со глас за бројот 9.

Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!