Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Ковачки: За да продолжи развојот на Велес потребна е стабилност и тимска работа

Дојдени сме овде, во срцето на Македонија  во Велес, да дадеме поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојдени сме овде, во срцето на Македонија  во Велес, да дадеме поддршка на град што чекори напред, што се развива и создава нова енергија. Денес зборуваме за новата реалност во Велес, за промените што велешани ги гледаат и ги чувствуваат секој ден, рече членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на вечерашниот митинг во Велес.

Ковачки се осврна на тоа што се се менувало во Велес во изминатите 4 години.

„Се подобруваат условите во училиштата и градинките, за нашите деца да растат, учат и напредуваат во современа и безбедна средина. Се уредуваат јавни површини, паркови и зелени појаси, каде што велешани можат да се соберат, да се дружат, да уживаат во природата и во животот. Се создаваат нови спортско-рекреативни содржини, се поддржуваат спортските клубови и младинските активности, за да се поттикне енергијата, креативноста и талентот на младите. Се вложува во развојот на локалната економија, се отвораат нови работни места, се поттикнуваат претприемачите и локалните бизниси. Велес денес е град што расте, што верува во своите луѓе, и што чекори кон иднината со сигурни чекори“, кажа Ковачки.

Реклама

Ковачки укажа дека овој успех не доаѓа сам, туку дека зад секој проект, зад секоја инвестиција стои силна поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа Влада покажа дека кога централната и локалната власт работат заедно, резултатите не изостануваат. Премиерот Мицкоски повеќе пати беше тука, во Велес, меѓу граѓаните, со стопанството, со младите, затоа што верува во потенцијалот на овој град, во луѓето што создаваат и работат со срце. Владата стои зад секоја општина што покажува резултати, а Велес, под водство на господинот Марко Колев, е токму таков пример: град на работа, визија и чесност“, рече Ковачки.

Ковачки укажа дека за да продолжи развојот потребна е стабилност и тимска работа.