Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Независниот кандидат Митревски најави Општински центар за економски развој и инвестиции во Македонска Каменица

Миран Митревски, независен кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, најави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миран Митревски, независен кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, најави дека доколку биде избран, ќе формира Општински центар за економски развој и инвестиции. Центарот ќе биде клучна врска помеѓу општината, домашните и странските инвеститори и локалниот бизнис сектор.

Кандидатот верува дека со оваа мерка ќе се создадат услови за отворање на нови компании и повеќе од 100 нови работни места. Македонска Каменица со тоа според него ќе се позиционира како регионален центар на можности, иновации и економски раст.

Митревски најави мерки кои ќе ја поддржат локалната економија вклучувајќи намалување на фирмарината за микро и мали компании субвенции за зачувување на традиционалните занаети ослободување од фирмарина за новоотворени фирми во првите две години и поттикнување на јавно-приватни партнерства за инфраструктурен и економски развој.

Реклама

Тој истакна дека општината ќе обезбеди логистичка и административна помош за инвеститори кои ќе отворат компании до 100 нови работни места во индустриската зона и порача дека со развојот на бизнисот се гради економски силна и стабилна Македонска Каменица

-Македонска Каменица е нашиот дом нашата гордост и нашата иднина. Да продолжиме заедно да ја чуваме да ја градиме и да ја сакаме“ порача Митревски кој на изборите настапува под реден број 61.