Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Рамиз Мерко како да е претплатен да добива парична или условна казна

Условна казна затвор од 1 година,доколку во рок од две години не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Условна казна затвор од 1 година,доколку во рок од две години не стори ново кривични дело-Рамиз Мерко повторно куртули од затворска казна.За незаконското поставување на Егзона Шеи како в.д. директор во основното училиште во Велешта,во два мандати, судот го осуди на условна казна. Таа немала завршено високо образование, а била примена на работа и со средно и држела настава по франциски јазик но и други предмети.Иако Јавното обвинитество ја сомничи дека приложила 2 фалсификувани исправи,судот цени дека исправите не биле лажни,туку содржината на истите.

 Немала валиден сертификат за англиски јазик, немала  положено стручен испит за директор, немала потребни 5 години стаж  како наставник.И од тој аспект за судот одговорноста на второ обвинетиот е иста како онаа одговорност што ја кажавме за останатите училишта каде биле поставувани директори кои не исполнувале соодветни услови. Одлучив на сите да им биде изречена иста санкција.Овој пат со оглед на олеснителните околности  ќе биде условна осуда-рече судијата Јордан Јованов

За незаконското директорување наАлбана Жута со основното “Браќа Миладиновци”,која од професорската функција во училиштето “Ибрахим Темо”,дирекно седнала на директорката фотеља во “Браќа Миладиновци”,без да биде распишан оглас,судот го осуди Мерко на парична казна од 2.500 евра. Жута јавноста ја памети по тоа што на прославата на патронатот ја забрани македонската химна,а настапи со груб фалсификат на историјата, Обвинителството ќе ги обжали ваквите одлуки на судот.

Реклама

 Парична не очекував со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, требаше за другиот предмет да биде ефективна.Тоа значи очекувавте затворска казна ? Да вели Џемал Лога, јавен обвинител

Обвинителството ги обжали и другите одлуки на судот за незаконското поставување на директори во училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.И тогаш Мерко помина со парична казна од 10.000 евра откако претходно беше ослободен од вина за набавката на луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра. Струшкиот градоначалник кој се најде за црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси, на 17 ноември ќе седне на обвнителна клупа за осветлувањето на реката Дрим и за скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга  кое беше поставено на општинската зграда.