Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Нов систем на границите со ЕУ – Целата процедура трае неколку минути

Без долги редици, чекања и гужви на граничните премини со Грција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без долги редици, чекања и гужви на граничните премини со Грција и Бугарија – од викендов почна со работа новиот систем за електронско регистрирање за влез и излез во 29-те земји членки на Шенген-зоната. Повеќе нема печатирање во пасошот –  туку при прв влез в ЕУ на патниците им се земаат отпечатоци од прсти и се фотографираат. Секое влегување на македонските граѓани во Бугарија или Грција, се евидентира дигитално, како дел од новиот безбедносен „Ентри–Егзит“ систем на Европската Унија.

Од МВР велат дека од системот се иземени само граѓаните кои патуваат во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, а на лицата под 12 години не им се земаат отпечатоци од прсти. Секоја земја членка ќе го користи на најмалку еден граничен премин, а постепено ќе се зголемува бројот на премини, се до постигнување целосна оперативност на сите гранични премини.

„Овој систем ќе регистрира лични податоци, вклучувајќи слика на лицето и отпечатоци од прсти, податоци од патниот документ, како и информации за влез, излез и евентуално одбивање на влез на државјани на трети земји кои ја преминуваат надворешната граница на Шенген-зоната“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Реклама

Од Северозападната стопанската комора велат дека по започнувањето  со примена  на системот, нема застои и подолги чекања на границите за превозниците, иако претседателот Алиу посочи дека тие постојано се жалат и бараат пофункционален и побрз начин на преминување.

„Нашите информации зборуваат дека тоа е олеснето, дека комуникацијата, било тоа за граѓаните мислам од една држава во другата и камионите, товарни возила кои носат роба, дека големи поплаки немаме, има некои така поситни поплаки, што треба некои технички работи да бидат поедноставни, за да може уште побрзо комуникацијата биде реализирана“, изјави Нухиу Алиу, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Владата вели дека ќе бара начни да им го олесни процесот за премин на границата на превозниците. На средби со европските челници најавуваат дека ќе биде покренато прашањето за специјалната зелена лента, која ја вети Европската комисија.