Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Досега ДИК одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица

Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани на 19 октомври, соопшти попладнево претседателот на Комисијата Борис Кондарко.

Кондарко информира дека бројката на пријавени лица кои ќе гласаат од дома – болни, немоќни, изнемоштени лица во општинските изборни комисии е околу девет илјади на ниво на цела територија за земјава. Соопшти дека по добивање на сите податоци на проверени и прифатени барања за гласање од дома како болни и изнемоштени лица, ДИК најдоцна до задутре ќе ја објави на својата веб-страница конечната бројка на овие лица по општини.

На денешната 143-та седница, ДИК донесе одлука и за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на изборите. За Младинскиот културен центар-Битола беа одобрени дополнително уште 15 набљудувачи, за Институтот за истражување, анализи на политики Ромалитико двајца набљудувачи, за Здружението за унапредување на демократијата Демокраси лаб – Тетово седум набљудувачи, за Националниот ромски центар-Куманово еден набљудувач, за Центарот за стратегиски истражувања и аналии ЦСИА Битола – еден набљудувач, за Централната изборна комисија на Косово 10 набљудувачи, за Здружението за промоција н развој, инклузивно општество Инклузива – 11, за Институтот за социјална промена ИНСОК – 10 и за Здружението за права и хуманост Интегра нау – 10 набљудувачи.

Реклама

Рокот за доставување на барањата за набљудување на изборите заврши пред два дена. Кондарко потенцира дека рокот не е преклузивен, меѓутоа упати молба до сите заинтересирани навреме овие денови да ги достават барањата за ДИК да има време физички да ги процесира, провери и изработи акредитациите.

Донесен е и заклучок со кој се задолжува стручната служба во ДИК да изврши исправка на техничката грешка во насловот на образецот 13г донесен на седницата од 8.10.2025 година.

– На 139-та седница која се одржа на 3.10.2025 година, усвоен е образецот записникот 13г, меѓутоа на 141-та седница одржана на 8.10.2025 година, исто така е усвоен образец под 13г, тоа е записникот за припопредавање на уредите за биометриска идентификација на гласачи од ДИК на ОИК. Всушност, овој образец треба да го носи истиот број 13, но буквата треба да биде ѓ за да не дојде до забуна при предавањето на доверливиот материјал, како и уредите за биометриска идентификација, објасни членот Оливер Ристовски.

До ДИК биле доставени три приговори од граѓани за лично избирачко право, кои беа одбиени како неосновани откако членовите на Комисијата утврдиле дека двете лица не ги исполнуваат условите од член 41 став 6 од Изборниот законик, а за третиот приговор било утврдено дека лицето веќе е запишано во Избирачкиот список и своето право на глас на изборите.