Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Тројца кандидати за градоначалник на Пробиштип

Тројца кандидати за градоначалник на Пробиштип. Двајца од нив веќе седеле во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца кандидати за градоначалник на Пробиштип. Двајца од нив веќе седеле во градоначалничката фотеља. Третиот кандидат е независен. Во трката се рударски инжинер, детектив и спортски работник. Сите ветуваат економски развој на градот.

Тони Тоневски, од Вмро-Дпмне ќе бара трет мандат. Го предводеше градот од 2009 до 2017. Во програмата од над 160 проекти вклучува поддршка за млади брачни парови, подобрување на патната инфраструктура, здрава животна средина. Пробиштип, го гледа како модерен и економски стабилен град со перспектива за младите и мирен живот за возрасните.

„ Да ги задржиме младите мора да инвестираме во сето она што ќе ги поттикне да останат тука, а тоа е силна економска развиеност на грдот, модерна инфраструктура и многу подобри услови за живеење. Покрај отварањате на нови работни места да им овозможиме по едно евро од метар квадратен да купат сопствени парцели, без да плќат комунлен надомест на општината, а Општината е таа што ќе направи комплетна инфраструктура„ порача Тони Тоневски, кандидат за градончалник од Вмро-Дпмне.

Реклама

Негов противкандидат е актуелниот градоначалник-Драган Анастасов, од Сдсм и коалицијата. И тој, по трет пат ќе ја бара довербата од граѓаните. На чело на општината е од 2017. Во фокус му е социјалната програма. Со дел од проектите предвидува субвенционирање на старт-ап бизниси, ослободување од комуналии за млади брачни парови, дом за стари лица, финансиска помош за многудетните семејства, социјално-загрозените, учениците.

„Јас, сум оптимист во делот на економијата дека ќе останат стабилни нашите субјекти. Ме редува тоа што новата инвестиција го зголемува бројот на вработени. Во делот на економијата да останеме посветени како што бевме досега Она што го спомнав во делот на социјалата директно да влијаеме на младите брачни парови„ изјави Драган Анастасов, кандидат за градоначалник од СДСМ.

Третиот кандидат, Саше Донев, е без партиска поддршка. Тој верува дека сега е моментот кога граѓаните ќе одлучат и ќе изберат департизирано општество, каде знаењето и способностите ќе и пркосат на партиската книшка.

„Доколку станам градоначалник на Пробиштип, сакам да го видам како почист, поуреден, подемократски, како поурбанизирана општина. Имам визија за сите категории на граѓани ….мора да ги разграничиме партиските вработувања. Секој што е стручен во било која област, треба да работи на соодветно место„ истакна независниот кандидат за градоначалник Саше Донев.

На овие локални избори пробиштипјани ќе може да гласаат и за шест советнички листи.