Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Касами: Градиме модерни булевари таму каде што немаше ниту улици

Градоначалникот на Тетово и кандидат за втор мандат Биљал Касами  информираше дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Тетово и кандидат за втор мандат Биљал Касами  информираше дека почнуваат градежни работи за пробивање на уште еден дел од трасата за продолжување на булеварот „Видое Смилески Бато“, кој ќе го поврзе градот со регионалниот пат Тетово – Јажинце кај Порој. Во април годинава завршена беше делницата од 650 метри од вкупно предвидени 1783 метри во правец кон населеното место Порој.

-Должината на овој сегмент од булеварот изнесува 1,5 километри, со ширина од 7 метри. Исто така, ќе има тротоар со ширина од два метри и јавно осветлување по целата траса. На почетокот и на крајот на сегментот ќе бидат изградени два кружни тека. Овој голем проект ги поврзува Порој и Џепчиште со автопатот, целосно трансформирајќи го овој регион, информираше Биљал Касами.

За вториот мандат Касами планира завршување на продолжувањето на овој дел од булеаварот, како и нов правец кон обиколницата во насока на село Требош.

Реклама

-Покрај тоа, ќе реализираме и четири мегапроекти за продолжување на другите булевари: Ќе го довршиме булеварот „Илинден“ – од Поштата до кружниот тек кај Градскиот стадион. Ќе го завршиме булеварот „Благоја Тоска“ – еден правец од стариот градски стадион до регионалниот пат Тетово – Јажинце, а другиот од Текстилното училиште до кружниот тек со булеварот „Илинден“. Ќе го продолжиме булеварот „Борис Кидрич“ – од крстосницата со булеварот „Благоја Тоска“ до Автобуската станица. Ќе го продолжиме булеварот „Илинден“ – од кружниот тек кај Универзитетот на Југоисточна Европа до надвозникот на патот кон Гостивар, истакна Касами.

Тој потсети дека во рамки на неговиот прв мандат е направено пробивање на неколку клучни правци: еден дел од булеварот „Благоја Тоска“, еден дел од булеварот „Борис Кидрич“ и уште еден дел од булеварот „Видое Смилески Бато“.