Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

„Плусинфо“: Зошто свиркачите криеле индиции за корупција кај функционери од минатата власт во случајот со дискотеката „Пулс“?

Нови сомнежи за корупција со која на дискотеката „Пулс“ и било озвозможено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови сомнежи за корупција со која на дискотеката „Пулс“ и било озвозможено беспрекорно да си работи, а вклучени се поранешни министри и директори од минатата власт, објави порталот “Плусинфо“. Станува збор за две телефонски комуникации од 2022-та и 2023-та помеѓу младиот газда на „Пулс“, Михаил, инспекторот од УЈП Драган Паунов Дацо како и извесна Бојана.

Според телефонската комуникација на порталот, кај екс министерот Оливер Спасовски во 2022 –та од страна на синот на газдата на Пулс, било интервенирано да ја спаси дискотеката „Пулс“ од „притисоците“ на кочанската полиција да не  плати казна од 40.000 евра на УЈП.

Наводно, ургенцијата е преку извесен Станко, кој завршил работа со Спасовски. Според друга телефонска комуникција, началникот на полицијата за Источна Македонија го викнал началникот од Кочани да му с’рже и да ја остави дискотеката да работи на раат, без разлика што дискотеката не исполнувала услови за работа.

Реклама

Од транскриптите на порталот се вооучува дека во јуни 2023 –та младиот газда на Пулс, Михаил наводно фатил врски и кај Благој Вочварски и Сања Лукаревска, а  инспекторот Дацо од УЈП  го поучува да фати и други врски, кај братот на пратеничката Маринела Тушева и шура на екс министерот Бојан Маричќиќ, кој  тогаш бил началник во УЈП.

Новинарот Бранко Геровски кој ги обелоденува овие информации, отора сомнеж зошто свиркачите досега дојавија за сомнежи за корупција на брат на претседателката на Кривичен суд, но не и за инволвираноста на високите функционери од минатата власт? Ова според Геровски отвора дилема дали обвинителството под палката на Љупчо Коцевбски селективно истражува. 

Инаку, пред десетина дена, беа обелоденети документи кои што откриваат како делувале оние кои требале да обезбедат заштита. Инспектори, обвинители, политичари. Првите објави се за пораки меѓу инспектори од Пазарниот инспекторат, полицијата и од УЈП со синот на газдата Дејан Јованов-Деко, Михајло, доставени од свиркач.

Од пораките јасно се гледа подмитување со подароци, дојави за инспекции до дискотеката како и редовноста на полицајците што често доаѓале како гости.

Од Обвинителство тврдат дека УЈП има друга надлежност, не регулира безбедност и тоа било причината зошто инспекторите не беа опфатени со обвинението.

Во актот кој веќе е оценет и за кој се чека датум за старт, се опфатени 34 луѓе и три фирми, сите се обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

За кочанската трагедија се води уште една истрага против 13 полицајци. По објавите за митото, Јавното обвинителство апелираше на воздржаност за да не загрози истрагата.

Засега неизвесно е дали истрагата ќе биде проширена со нови поранешни министерски и директорски имиња од минатата власт, за кои постојат сериозни индиции дека и овозможиле на дискотеката да работи.