Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

По четири години конечно во функција педијатриското одделение во Општата болница во Охрид

После 4 години конечно почна да работи педијатриското одделение со 24 часовна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 4 години конечно почна да работи педијатриското одделение со 24 часовна работна смена. Се работи за најранливата категорија пациенти, но за да може одделението да функционира со полн капацитет,требаат барем две години додека дополнително завршат специјализација уште 5 доктори.

 “Еден од најгорките проблеми во нашиот град,кој што и лично ние го имаме осетено кои што имаме мали деца,сме ги носеле во други градови, во други болници.Овој проблем датира од пред 4 години.Со крајни напори некоја импровизација, најдовме решение. Ја користам приликата да се заблагодарам на колешките и на перосоналот на одделението за педијатерија кои што се нафатија и знам колкава жртва прават за ова да се оствари”- вели д-р Горан Маркоски,директор на Општа болница Охрид

Одделението моментално се потпира на 3-ца специјалисти педијатри,двајца пензионирани доктори се ангажирани како консултанти, а за време на дежурства доаѓа педијатар од охридскиот Здравствен дом.

Реклама

“Работиме постојано, фреквенцијата на пациенти е околу 50-тина прегледи дневно.Бројот на прегледи е значително поголем за викенди кога не работат матичните лекари.Најголем број од дечињата ги водиме преку дневна болница.Имаме зголемена фреквенција на пациенти во тек на ноќните часови ,после 22 часот” -вели  д-р Македонка Митреска Наумоска раководител на педијатриското одделение

Во септември биле извршени над 1000 прегледи и 20 хоспитализации.Директорот на болницата од петни жили се обидува да не стави клуч на одделенијата и дефицитот на доктори го покрива со ангажман на доктори од скопските клиники.Критично е на урологија, физикална терапија и инфективно каде од 1-ви ноември ќе се воведат повторно дежурства. Десет лекари специјалисти само во една година заминале од охридската болница-едни во пензија,други во приватните клиники. По систематизација на работни места охридската болница треба да брои 580 до 600 вработени, а во моментов работат 86 помалку.Потребно е време за целосно екипирање на болницата со кадар. Но не е проблем само Охрид,македонското здравство генерално,со децении е на колена,вели директорот на болницата.

Инаку за потсетување поради недостаток на кадар на педијатрија до сега немаше дежурства,се вршеа само амбулантски прегледи до 20 часот.За викенди и останатото време болните дечиња се упатуваа во струшката болница,бидејќи немаше нити хоспитализации. Шокира фактот дека 15 години не бил пуштен доктор да специјализира педијатрија.