Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

Преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) државава во август годинава исплатила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) државава во август годинава исплатила 1.200.875.741 денари (19,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, 18 километри), (Гостивар-Букојчани, 30 километри) и (Прилеп-Битола, 40 километри). 

Од почетокот на годинава,  кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари во јуни од  830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари.

Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, што го објави ЈПДП на својата веб-страница, во август годинава изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

Реклама

– Во текот на целиот проект, треба да бидат преместени или заштитени повеќе од 300 постоечки комунални водови.  Од август 2025 година, специјализирани изведувачи назначени од страна на Работодавачот се ангажирани во фаза на проектирање за преместување и заштита на комуналните услуги, вклучувајќи водоснабдување, наводнување, канализација, телекомуникации и електрични водови со низок до среден напон. Тендерскиот процес за проектирање и изведување работи поврзани со високонапонски електрични водови сè уште е во тек, се вели во Извештајот.

Како што е наведено, продолжуваат почнатите активности за поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани и Прилеп Битола.  Се работи на шест мостови, четири надвозници и три подвозници. 

Во активностите, изведувачот заклучно со јули ангажирал 2090 лица  и 1202 градежни машини.

Како што објави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски по увидот во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, на почетокот на месецов, на делниците 1 и 2 (Гостивар-Тетово и Гостивар-Букојчани) работат околу 1200 лица и вклучени се повеќе од 750 различни машини и механизација. Во наведните бројки вклучени се и подизведувачите.

– Во моментов 60 проценти од снабдувачите и 90 проценти од подизведувачите се домашни компании, изјави Трајановски.

Активности на терен согласно со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра се спроведуваат од 22 април 2023 година. Се уште нема работи за третата делница Требеништа – Ќафасан (22 километри), каде треба да се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.  Од почетокот на годинава,  кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари во јуни од  830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра.