Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Митовски: Предизборен ПР од страна на Стефковски за штета на граѓаните

Се наоѓаме на улицата „Палмиро Тољати“ во населбата Ченто, каде што граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се наоѓаме на улицата „Палмиро Тољати“ во населбата Ченто, каде што граѓаните се заложници на уште еден лажем ПР предизборен маркетинг на актуелниот градоначалник. Почитувани, ова предизборно гребење на асфалт за наводно асфалтирање на улицата, токму во изборен период, е само на штета на граѓаните, се наведува во соопштението од кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Влатко Митовски. 

На оваа улица, при најмал дожд, водата ја поплавува целата површина и улицата станува нефункционална, жителите не можат ниту да влезат во своите домови. Не само асфалтирање, потребно е да се променат и Атмосферската и фекалната канализација кои се основен проблеми за жителите на оваа улица, а токму тие се ставени како приоритет во мојата програма.

Но, сведоци сме дека ваквото сценарио не е само тука. На улицата „Париска Комуна” во во Хиподром, асфалтот беше изгребан пред точно еден месец на 10ти Септември а денес жителите од хиподром само се дават во прашина а улицата неколку пати беше преплавена со вода со што беше отежнато движењето. И тука е потребна промена на атмосферската и фекалната канализација а дополнително и промена на линијата за вода. Во Маџари 1 познатата „коцка“ 10 месеци стои раскопана, граѓаните не можат ни да излезат со автомобилите од дворовите, ниту да паркираат пред своите домови.

Реклама

Ова мора да прекине а работата да има континуитет.

Време е за вистинска работа, а не за предизборен маркетинг на грбот на граѓаните.

Токму затоа се бориме за нашиот дом!