Реклама
Македонија

Во четвртиот квартал годинава ќе биде објавен ИПАРД повикот за инвестиции во основни средства за преработка 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека во четвртиот квартал од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.

-Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар. Мерката 3 овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина, наведува МЗШВ.

Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).

Реклама

Министерството ги повикува сите заинтересирани да почнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.