Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Андоновска: СДСM и Филипче не се оградија од Тричковски

СДСM и Филипче не се оградија од Тричковски. Перјаниците на СДС повикуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Филипче не се оградија од Тричковски. Перјаниците на СДС повикуваат на смрт и парчосување на телото на претседателот Мицкоски, a Венко Филипче наместо да се дистанцира и да ги осуди молчи, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Бранко Тричковски, кој со години на социјалните мрежи и во јавниот дискурс го кажува тоа што СДС го мислел во коментар на фејсбук напиша: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан”.

СДС и Венко Филипче не можат да се амнестираат за Тричковски, тие со години го храбрат и му даваат простор во медиумскиот етер преку портали блиски до нив.

Реклама

Со години СДС и другите нивни перјаници се здружуваат околу Бранко Тричковски и неговите канибалистички и морбидни тези.

Лудилото на СДС нема граници. Грозоморно е како СДС преку нивните перјаници ликува и се сити и повикува на смрт и парчосување на претседателот Мицкоски.

Грозоморно е како во недостаток на идеи и проекти, се што знае СДС е да прави тензии во општеството.

СДС и нивните перјаници се прочитани, а Венко Филипче ако не излезе денес и не се дистанцира и да го осуди Бранко Тричковски, ќе сметаме дека тој е директен мотиватор на ваквиот говор.