Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Новотни: Општина Центар не смее да биде трофеј на градежните бизнис-интереси

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина Центар и копретседател на зелената партија ДОМ, проф. д-р Антони Новотни, во видеообраќање ја претстави својата визија за почесна, зелена и пристапна општина со јасни правила што важат за сите, се наведува во соопштението на Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

„Знам како изгледаат заморот и анксиозноста со кои многумина живеат во нашиот Центар — од нечист воздух и врева, до изгубени зелени површини,“ порача Новотни, нагласувајќи дека решението почнува од одговорно управување.

„Чистата општина започнува со чиста совест и правила што важат за сите“, вели Новотни.

Реклама

Новотни подвлекува дека јавниот интерес мора да биде над поединечните привилегии и бизнис интереси.

 „Во Центар, јавниот интерес мора да стои пред туѓите привилегии. Општината не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси,“ нагласува Новотни.

Како приоритети, тој ги наведе зелените и тивки јавни простори, пристапноста „од тротоари до институција“, како и транспарентна трага за секоја општинска одлука.

Говорејќи и од перспективата на лекар, Новотни ја поврза урбаната средина со јавното здравје.

 „Како лекар, знам дека квалитетот на урбаното живеење влијае на здравјето. Затоа велам — зелено, чесно и заедно“, порачува Новотни, притоа истакувајќи дека ќе води локална политика што „го штити достоинството на секој човек и го враќа чувството на сигурност во секојдневниот живот.“

„Ни треба зелен, тивок и пристапен простор; ни требаат паркови пред паркинзи. Центар ќе биде општина за живеење, а не за преживување. Ако ова е и ваша мерка за политика, застанете со нас — со Коалицијата за зелена иднина“, порачува до жителите на општина Центар носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“, Новотни