Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Филипче: Демир Капија станува модерен винско-туристички центар во југоисточна Македонија на чело со Лазар Петров

Со работа, визија и чесно управување локалната власт предводена од градоначалникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со работа, визија и чесно управување локалната власт предводена од градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров, ја трансформира општината на подобро, во која секоја инвестиција е одговор на реална потреба на граѓаните, истакна вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче, на граѓанската трибина во Демир Капија.

Како што информираат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Филипче нагласил дека на Општина Демир Капија ѝ е потребен континуитет на започнатата работа со реализирани над 58 проекти во делот на инфраструктурата, локалниот развој, развојот на туризмот, како и во создавањето услови за младите да останат и да живеат во својот град.

– Кога ќе ги видите обновените улици, реконструираното училиште, детската градинка, новите паркови, канализационата мрежа и новата обиколница, јасно е дека тука не се ветувало, туку се работело .. Демир Капија ќе ја градиме, ќе ја развиваме и модернизираме. Ќе ја градиме со луѓе што знаат, што имаат волја и што работат за народот, а не за фотелјата. Лазар е градоначалник кој го реализира она што е ваш приоритет, а не на поединци. И ве уверувам дека така ќе продолжи, транспарентно, квалитетно и домаќински, нагласил Филипче. 

Реклама

Според него, разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во чесноста, отчетноста и грижата за граѓаните. Тој, исто така, нагласил дека кадрите на СДСМ работат чесно и до план, заедно со граѓаните и за граѓаните. 

– Кога се работи чесно и транспарентно, кога се мисли на народот, има резултати. Демир Капија денеска е општина со нов лик, со развиена инфраструктура и подобрени услови за живот. Од новите патишта, канализациите и резервоарите за вода, до уредените паркови и јавни површини – се гледа дека градоначалникот Лазар Петров знае како да се грижи за сите, нагласил Филипче.