Реклама

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Прилози

Уапсени бизнисменот Борче Марковски и поранешни директори од РЕК „Битола“ за местење милионски тендер

Белорускиот конзул Марковски уапсен заедно со уште 7 поранешни директори и вработени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Белорускиот конзул Марковски уапсен заедно со уште 7 поранешни директори и вработени во РЕК Битола поради местење тендер од околу 1,7 милиони евра. Според крвичната пријава на Финансиска полиција, поранешните директори и раководители во Рек Битола ги штелувале услови за да може „Марковски компани“ да ги добие парите. Неофицијално, кривичните дела се сторени при јавна набавка која ја добила „Марковски компани“ за демонтажа, транспорт и монтажа на опрема од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Тие ја донеле опремата до Битола, но според извори од истрагата, никогаш не ја монтирале, а притоа се погрижиле сè да прикријат со соодветна техничка документација. Целата постапка се одвивала кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година. Осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба и злоупотреба на постапката за јавен повик.

При дефинирањето на условите за јавната набавка тие ги повредиле начелата на сразмерност и конкурентност и овозможиле на една фирма, односно на осомниченото правно лице, да се јави како единствен понудувач и да склучи договор за јавната набавка, односно да се стекне со противправна имотна корист од големи размери“, велат од Јавното обвинителство.

Освен сопственик на компанијата која го добила спорниот тендер, Борче Марковски е ѝ почесен конзул на Белорусија. Тој за време на претходната власт редовно добиваше добиваше тендери за ископ на јаловина во рудниците во РЕК Битола.

Реклама

Од позиција на тогашна опозиција, ВМРО – ДПМНЕ предупредуваше дека Асаф Еисин, израелскиот гуру за пиар стратегиите на СДСМ, џебовите ги полнел токму од милионските тендери на РЕК Битола што со години ги добивал Борче Марковски и неговата Марковски компани .

Според Централниот регистар, „Марковски Компани“ е основана во 2002 година, со седиште во Битола и дејност насочена кон нискоградба, изградба на патишта и ископи.