Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Стефковски: Реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“, инвестиција вредна 37 милиони денари за подобра патна инфраструктура во Гази Баба

Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес заедно со потпретседателот на Владата, Александар Николоски извршија увид во населеното место Ченто, каде во тек е реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“, една од поважните сообраќајници во општина Гази Баба.

„Проектот опфаќа комплетна реконструкција на главната улица и на сите нејзини краци, во вкупна должина од 2,5 км, вкупната инвестиција на овој проект е 37 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Македонија преку Министерството за транспорт“, истакна Стефковски.

Стефковски истакна дека во Хиподром се одвива реконструкција на улицата Париска Комуна, проект поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции  и најави реконструкција на повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба, со цел да се подобри патната инфраструктура.

Реклама

„Ова е само еден од низата капитални инфраструктурни проекти коишто се реализираат со поддршка на Владата. Интензивно се гради улицата Париска Комуна, улицата Јордан Поп Јорданов во Маџари, а наскоро од денес започнуваме со градежни активности и реконструкција повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба“, заклучи Стефковски.