Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Мисајловски: Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно и со срце

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на народниот митинг во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на народниот митинг во Шуто Оризари, кој е во рамки на изборната кампања 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мисајловски зборуваше за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, и истакна дека тој е човек кој ги разбира потребите на жителите на општина Шуто Оризари и има план како истите да ги реши. Тој додаде дека со помош на Владата, во општината ќе се реализираат многу проекти од различни сфери.

,,Да ја изградиме оваа општина како што навистина заслужува, модерна, чиста, безбедна и полна со можности за сите генерации. Време е Шуто Оризари да се исправи гордо. Шуто Оризари е симбол на храброст, заедништво, место до душа, со историја, со огромен потенцијал. Но, време е тој потенцијал конечно да се реализира“, рече Мисајловски.

Како што вели тој, жителите на оваа општина заслужуваат локална власт која работи чесно и транспарентно, а дека кандидатот за градоначалник е човек кој обединува.

Реклама

,,Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно, и со срце. Не ни требаат празни ветувања, туку конкретни резултати. На Шуто Оризари му е потребен градоначалник кој ги разбира проблемите на граѓаните и има план како да ги реши. Човек кој не дели туку обединува“, кажа Мисајловски.

Според него, со поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Шуто Оризари ќе добие инвестиции, со цел модернизирање на општината и обезбедување подобар живот за граѓаните.

,,Шуто Оризари не смее  и нема да биде заборавена општина. Со поддршка на Владата, Шуто Оризари ќе ги добие сите неопходни инвестиции, во  инфраструктурата и во сите јавни услуги“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски апелираше до граѓаните да излезат на гласање за локалните избори и да ја дадат поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде градоначалник за сите подеднакво.

,,На денот на изборите излезете и покажете дека заедно можеме да постигнеме нешто големо. Гласајте за иднината, гласајте за Ерџан Демир, и за новото Шуто Оризари кое ќе покаже вистински потенцијал. Нашиот градоначалник ќе биде градоначалник на сите, на секое семејство, на секое дете, за секоја улица“, заклучи Мисајловски.