Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Утврдена листата на кандидати кои ќе бидат интервјуирани за судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Европскиот суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница.

Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју.

На листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју се: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.

Реклама

До Комисијата биле пристигнати апликациите на 20-те апликанти:  Велимир Деловски , Соња Петрушева, Оља Ристова, Александар Гоџо , Тони Менкиноски, Валентин Пепељугоски, Ѓоко Живковски, Андреј Димовски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Лидија Неделкова, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова, Едита Наскова, Александар Лазов и Ана Дангова Хуг.

Комисијата изразува задоволство од искажаниот интерес и од бројот на апликации и во однос на квалитетот на апликантите. Кандидатите кои се избрани ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20 октомври 2025 година. За точниот термин за интервју ќе бидат известени преку Министерството за надворешни работи.