Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кривичниот суд треба да донесе пресуда за случајот „Вардариште“

Кривичниот суд денеска треба да донесе пресуда за случајот со дивите депонии.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд денеска треба да донесе пресуда за случајот со дивите депонии. Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи се тројцата обвинети кои се товарат дека создале диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште. На претходното рочиште ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Тројцата обвинети од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при што непрописно го складирале и транспортирале отпадот, создавајќи диви депонии. Нивната одбрана сметаше дека нема докази дека пожарите на депонијата биле на местото каде што бил фрлан отпадот на обвинетите.

Пожарот што избувна на дел од локацијата дополнително го привлече вниманието на надлежните институции. Во меѓувреме, граѓаните во населбата Аеродром секојдневно протестираат за затворање на депонијата и институционално решение.