Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Нова катна гаража, нов младински центар и пешачко-велосипедска патека за конекција на цела Кисела Вода, продолжуваме со реализација на проекти

Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, говореше за приоритетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, говореше за приоритетите кои ќе ги реализира во следните 4 години. Како прв приоритет таа го спомена паркирањето, за коешто рече дека иако се направени над 1500 паркинг места во овој мандат, тоа не е доволно и дека силен фокус ќе биде зголемување на паркинг местата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  

Како едно од покрупните ветувања, Стаменкоска Трајкоска најави изградба на нова катна гаража.

„Позади, помеѓу граѓаните позната како пеглата, ќе се гради катна гаража во соработка со град Скопје, но исто така и на детектирани места како што ќе може да се изградат и монтажни паркинг простори, но исто така и нови дополнителни паркинг места’’, истакна таа.

Реклама

Стамекоска Трајкоска рече дека програмата е правена со голем број на експерти дека е навистина задоволна од истата, како што потенцираше, таа програма ќе и биде водилка во наредниот период.

„5 приоритетни проекти, системска програма за урбана и здрава животна средина пошумување на Кисела Вода, младински центар во Драчево, ново паркирање нов ред, голем акцент ќе ставиме на овој приоритет, како и нова општинска зграда, каде предвидувам во следните 4 години да се направи проект и идејно решение со проектна документација’’, најави Стаменкоска Трајкоска.

Во делот на патната инфраструктура, таа најави соработка со Градот Скопје и идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, затоа што жителите на Кисела Вода ќе имаат голем бенефит од истото.

„Изградба на нова улица или ново сообраќајно решение како сакате, од Маркова река кај Драчево до бул. Србија, позади ОХИС, и во голем процент ќе се растерети онаа гужва која што ја имаме во утринските часови’’, рече таа и додаде:

„Пешачко велосипедска патека, обиколка на Кисела Вода, има многу убав начин на којшто луѓето треба да уживаат и да се движат, со што ќе се поврзе општина која во соработка на Градот ќе ја направиме’’, заклучи Стаменкоска Трајкоска.