Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Комеморативна седница во чест на Панчо Минов утре во Кавадарци

Комеморативна седница во чест на Панчо Минов ќе се одржи утре во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комеморативна седница во чест на Панчо Минов ќе се одржи утре во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по смртта на Минов, кој беше на два пати градоначалник на Кавадарци и во четири мандати, пратеник во Парламентот.   

– Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Панчо Минов. Поранешен градоначалник на Кавадарци со два мандата, долгогодишен политичар со 4 мандати како пратеник во републичкото собрание, човек кој остави длабока трага во развојот на нашиот град и во јавниот живот на Република Македонија. Неговата посветеност, искреност и љубов кон Кавадарци ќе останат запаметени за кавадарчани. Неговото влијание во донесувањето на важни законодавни измени ја покажува и посветеноста, искреноста и љубовта и кон Република Македонија, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

На семејството, пријателите и сите негови соработници им изразија најдлабоко сочувство.

Реклама

– Нека му е вечна славата. Честа е наша што те имавме. Ја известуваме јавноста дека утре со почеток од 11 часот во Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе”, ќе се одржи комеморативна седница во чест на Панчо Минов. Посмртните останки ќе бидат изложени во градската капела од 12 – 13 часот, споделија од кабинетот на Јанчев.