Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Правдата за трагедијата во Кочани ќе биде бавна – Инертно однесување на Обвинителството и судството

Правдата за најголемата трагедија што и се случи на Македонија, пожарот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата за најголемата трагедија што и се случи на Македонија, пожарот во кочанската диксотека „Пулс“, ќе стигне бавно, со оглед на инертното однесувње на Обвинителството за гонење на организиран криминал и на Кривичниот суд.

Нема обвинение за полицајците, ниту датум кога ќе почне да им се суди на обвинетите за кобниот пожар, додека родека родителите на трагично загинатите секој викенд протестираат и бараат што побрзо надлежните да си ја сносат одговорноста.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека се уште собираат доказите, иако поминаа шест и пол месеци. Во оваа истрага има 23 осомничени.

Реклама

Активно се постапува и се анализираат прибраните докази. Во однос на времетраењето на истражната постапка за секој од осомничените поединечно, надлежното јавно обвинителство презема дејствија во предвидените законски рокови, инфомираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал..

Инаку, првата наредба за спроведување истрага во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е отворена три дена по трагедијата, односно на 19 март. Истрагата се води за тешки дека против предизвикување на општа опасност, но, можно е да има евентуална промена на делото

Додека Обвинителствто собира и анализира докази за полицајците, во соседната зграда, во Кривичниот суд се праќаат покани до странките и мака мачат да го закажат судењето. Велат има многу обвинети, а кога ќе го имале датумот, ќе и соопштеле на јавноста.

Кога ќе биде насрочена расправата странките и јавноста ќе бидат веднаш известени, секако терминот за расправа ќе биде објавен и на веб страната на судот, потребо е да се има предвид дека се работи за предмет со 37 обвинети 33 бранители и голем број на оштетени на кои треба да им се достави покана, информираат од Кривичен суд.

Акмис системот во Кривичниот суд ја одбра судијката Диана Груевска Илиевска да го суди предметот „Пулс“. Илиевска е позната по повеќе високопрофилни случаи кои ги судела, како што е трагедијата кај Ласкарци, случајот за новинарот Томислав Кежаровски, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но и случајот „Поткуп“ каде обвинет беше Зоран Заев, а потоа ослободен од обвинението.