Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

По предупредувачките истрели од полицијата, двајца затвореници на отпуст од Идризово фатени во бегство

Филмска брканица се случувала синоќа по скопските улици и околните автопатишта. Двајца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмска брканица се случувала синоќа по скопските улици и околните автопатишта. Двајца осуденици на отпуст од затворот Идризово вчерaвечер се лишени од слобода, откако се обиделе да избегаат од полициска патрола, по што излетале од патот кај населбата Нова Колонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, двајцата осуденици на отпуст околу 20:20 часот се движеле со патничко возило марка „Ренџ Ровер“ на улицата „Панче Неделковски“ во Скопје и не застанале на даден знак од полициска патрола, по што се дале во бегство.

Веднаш е организирана потера по возилото, кое се упатило кон обиколницата, а потоа кон регионалниот пат Скопје – Велес, каде што е пресретнато од полицијата во близина на населбата Нова Колонија, кај скопско Идризово.

Реклама

Во описот на настанот се вели дека полицајците со службено возило марка „Мазда“ се обиделе да го престигнат „Ренџ Ровероt“, но неговиот возач во два наврати удрил во полициското возило. Потоа, полициски службеник испукал предупредувачки истрели во воздух, но и покрај тоа, возачот на „Ренџ Ровероt“ не застанал и продолжил да вози по патот.

Сепак, во близина на населбата Нова Колонија возилото излетало од патот. Во „Ренџ Ровероt“ се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила.

По документирање на случајот, како што велат од МВР, против приведените Н. А. и А. Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.