Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Преку СЕПА, од денеска побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

Ако за уплата од 500 евра кон европските земји, граѓаните плаќаа провизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако за уплата од 500 евра кон европските земји, граѓаните плаќаа провизија од 1600 денари, сега таа изнесува само 260 денари. За приливите во евра на истиот износ надоместокот е двојно помал, односно 140 денари  наспроти 280 денари.

Плаќањето со евра стана поевтино и за граѓаните и за бизнисот. Македонија и официјално е дел од СЕПА, единствената област за плаќањa во евра.

И трошоците на компаниите значително се намалуваат. Така, за плаќање во евра кон земјите во СЕПА на износ од 20.000 ЕУР, компаниите ќе плаќаат во просек осумпати помалку, односно само 570 денари наспроти 4.740 денари колку што изнесуваше до сега.

Реклама

За приливите во евра на истиот износ, компаниите ќе плаќаат во просек тројно помалку.

Сите големи и средни банки се спремни за да вршат трансакции во рамките на СЕПА. Остануваат уште три коишто интензивно работат на интеграцијата и се очекува дека ќе завршат најдоцна до крајот на првиот квартал од 2026 година.

Клучниот чекор за спроведување на оваа реформа беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи.

Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 -та, додека на 6 март 2025 беше прифатена  апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања со што се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршува плаќањето во евра. Станува збор за регион што опфаќа 41 земја.