Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

МЗ: Процесот на усогласување на пакетот од 12 закони ќе продолжи, а секоја заинтересирана страна ќе може да даде свој придонес

Министерството за здравство соопшти дека ја почитува улогата и професионалниот придонес на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство соопшти дека ја почитува улогата и професионалниот придонес на медицинските сестри во здравствениот систем.

Во однос на вчерашната јавна дискусија, од Министерството информираат дека станува збор за еден од повеќето чекори во тековниот процес на системско усогласување на 12 закони во здравството. Процесот, како што посочуваат, е етапен, континуиран и максимално инклузивен, со вклучување на стручни здруженија, институции од системот, комори и меѓународни партнери.
 
-Министерот за здравство Азир Алиу денеска ги прими претставниците на Унијата на медицински сестри ЗМСТАС „За нас“ и ги сослуша нивните ставови. На средбата јасно беше истакнато дека процесот за усогласување на 12-те закони не е затворен ниту финализиран, туку продолжува по етапи, со можност стручните забелешки да се вградат пред влегување во собраниска процедура. Министерот апелираше процесот да не се политизира, туку да остане во рамки на професионален дијалог и аргументирани предлози, во интерес на пациентите и целокупниот здравствен систем. На средбата министерот Алиу истакна дека ја препознава реалноста дека сестринската професија со децении била потценета и маргинализирана во системот – и токму затоа тековните реформи имаат цел системски да ја унапредат нејзината позиција, статус и глас во креирањето политики, наведуваат од Министерството.
 
Потенцираат дека процесот на усогласување на пакетот од 12 закони е во тек, не е завршен и ќе продолжи инклузивно и отворено, а секоја заинтересирана страна ќе има можност да даде свој придонес сè до моментот кога законските решенија ќе влезат во собраниска процедура и ќе бидат разгледувани и изгласани од пратениците.