Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Генералната секретарка на Собранието во ПОВ: Интегритетот и транспарентноста основа на довербата на граѓаните во институциите

Делегација на Собранието на Македонија учествува на Партнерството за отворена власт (ПОВ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија учествува на Партнерството за отворена власт (ПОВ) Самитот и на Меѓународниот ден на Отворен парламент 2025, што се одржува во Виторија-Гастеиз, во организација на Баскискиот парламент, Конгресот на пратеници на Шпанија, Мрежата за отворени парламенти (OPeN) и ПОВ.

Како што информира собраниската прес-служба, настанот ги обединува претставниците на парламентите и граѓанското општество од различни земји со цел размена на искуства и најдобри практики за транспарентност, граѓанско учество и интегритет во законодавната власт.

Во рамки на Панелот за Етика, интегритет и парламентарна одговорност, свое излагање имала и генерална секретарка на Собранието на Македонија, Марина Димовска. Нејзиното изглагање се фокусирало на клучните предизвици во воспоставувањето и спроведувањето на етичките стандарди во парламентите, на механизмите за спречување судир на интереси, како и на потребата од независни етички тела и редовна едукација на пратениците.

Реклама

Во собраниското соопштение се посочува дека Македонија е приоритетна земја во рамките на Партнерството за отворена власт (OGP), карактеризирана како отворена држава, бидејќи сите три гранки на власта – извршната, законодавната и судската – имаат свои акциски планови за отвореност. Собранието во моментов го спроведува третиот Акциски план за Отворен парламент (2024 – 2026), со кој се унапредуваат транспарентноста, учеството на граѓаните и дигиталната трансформација во парламентарната работа.

Особено било потенцирано дека напредок во областа на транспарентноста и јавната комуникација претставува и Собранискиот телевизиски канал, кој е значаен инструмент за обезбедување јавен увид во законодавниот процес и промовирање отвореност кон граѓаните.

Со учеството на овој настан, генералната секретарка Марина Димовска уште еднаш ја истакнала важноста на интегритетот и транспарентноста, коишто се основа на довербата на граѓаните во институциите – затоа, како што се наведува во соопштението, Собранието континуирано работи на унапредување на етичките стандарди, отчетноста и културата на одговорно однесување.