Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Најголем дел од ветувањата во Струмица изминатите години никогаш не се реализирани

Иако на почетокот на мандатот најавуваше „Европска Струмица“ со булевари, нови паркови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако на почетокот на мандатот најавуваше „Европска Струмица“ со булевари, нови паркови, спортски центри и индустриски зони, голем дел од проектите на градоначалникот Костадин Костадинов не го видоа светлото на денот. Од развојната програма на СДСМ за периодот 2021–2025 година, најголем дел од капиталните инвестиции останаа само идеи — без почеток и реализација.

„За континуиран развој на општина Струмица е неопходна поддршката од локалната бизнис заедница. Со голем жар и елан работам на економскиот развој на нашата Струмица. Преку поттикнување и поддршка на локалните бизниси ќе донесеме и реализираме достапни европски фондови за локален економски развој. Од срце за Струмица“, изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

„Секако не застануваме тука, ги знаеме другите приоритети, знаеме и за улиците — соодветно ќе ги внесеме во програмата за асфалтирање и ќе решаваме уште многу други проблеми“, изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Реклама

Не се реализирани ниту проектите за вештачка карпа, адреналински парк и куглана, ниту ревитализацијата на спортските објекти и игралишта. Во програмата беа предвидени и нов плоштад „Благој Јанков Мучето“ со мала фонтана, нови зелени површини и формирање јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти.

Од најавените инвестиции во индустриските зони, повеќето сè уште немаат инфраструктура, а проектите за канализациони системи и патишта низ селата останаа само на хартија.

Нереализирани останаа и голем дел од ветувањата дадени уште од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој ја водеше Струмица од 2005 до 2016 година.

„Ви ветувам дека ќе правиме нови детски игралишта за најмладите, ќе отвориме детска градинка за детата од турска националност, ќе отвориме и нови училишта“, изјави Зоран Заев, поранешен градоначалник на Струмица.

Откако не доби шанса од Филипче за нов трет мандат, Костадинов го замрзна членството во партијата. Разочаран од одлуката на лидерот да не му ја даде довербата, иако според анкетите имаше поголема предност од сите други кандидати, Костадинов најави ново интерпартиско делување по локалните избори.

Дополнителна причина според него, тоа што не беше избран било немањето јасна визија и став од неговата партија за делување. Сега кандидат за градоначалник на СДСМ за Струмица е Маријан Даскаловски.