Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Соопштение од Фондот за здравствено осигурување за достапноста на онколошките лекови

Фондот за здравствено осигурување реагира на тврдењата објавени на социјалните мрежи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување реагира на тврдењата објавени на социјалните мрежи и во медиумите за наводен недостиг на лекови за третман на рак. Со цел да се разјасни ситуацијата, Фондот ја информира јавноста за актуелната состојба со достапноста на овие лекови, се вели во соопштението од Фондот за здравствено осигурување.

Генерички лекови на позитивна Б листа (болничка листа)

Во кратка дефектура се Paclitaxel и Cisplatin

Реклама

Paclitaxel: Овој лек кратко време беше во дефектура поради недоставување од страна на производителот. Сега е достапен на Клиниката за онкологија и е целосно рефундиран од Фондот. Пациентите кои го набавиле лекот со сопствени средства можат да поднесат барање за рефундација до Фондот. Малопродажната цена на лекот изнесува 2.165 денари.

Cisplatin: Лекот моментално е во дефектура поради отсуство на понуда на јавната набавка, иако постојат две регистрирани форми. Како замена, достапен е Carboplatin. Клиниката за онкологија го повтори тендерот, по што е добиена понуда, а испораката се очекува во наредните денови.

Nab-Paclitaxel и Octreotide: Овие лекови се во подолга дефектура, вклучително и Octreotide (бренд име Sandostatin), кој недостасува околу две години поради недостаток на интерес од добавувачите. Сепак, овие лекови се рефундираат од Фондот. Клиниката за онкологија има активен јавен повик и е во очекување на испорака.

Иновативна биолошка терапија

Потврдуваме дека биолошката терапија, предвидена со условниот буџет на Клиниката за онкологија, е достапна за пациентите.

Позитивна А листа (аптека)

Летрозол и анастрозол од летото 2025 година се префрлени на позитивната А листа и се достапни во аптеките низ земјата без прекин. Станува збор за генерички лекови, од кои се регистрирани четири брендови во Македонија.

Фондот за здравствено осигурување е посветен на подобрување на снабдувањето со лекови и обезбедување континуитет во терапијата за сите пациенти.