Реклама

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Прилози

Вештачката интелигенција не може да ги замени наставниците и професорите, но може да им помогне

Вештачката интелегеција нема да ги замени наставниците,  но  тие мора да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелегеција нема да ги замени наставниците,  но  тие мора да се прилагодуват на новите технологии и дигатални алатки  за  наставата да биде покреативна и поинтересна за учениците. Најдоброто образование ќе биде комбинација од човечка мудрост и дигитална интелигенција и затоа наставниците треба да ги работат  новите алатки за полесно да го пренесуват знаењето, но и да ги препознаваат злоупотребите во дигиталниот свет .  Според проф. д-р Сашко Коцески, еден од создавачите на „Водичот на вештачка интелегенција„ стравот дека технологијата ќе го замени човекот е неоснована.

„За кредата и таблата не сум сигурен дека може да ги замени вештачката интелегенција, но сметам дека наставникот треба да адаптира и се развива во согласност со нвите технологии и новото време. Тоа значи дека улогата на наствникот, практично е незаменлива меѓутоа наставникот, има и своја одговорност. Тој треба да биде ученик до крајот на животот„ изјави проф. д-р Сашо Коцески- декан на ФИ-УГД

    На Факултетот за образовни науки, при штипскиот Универзитет, каде се обучуваат идните наставници веќе се организираат предавања и работилници посветени на дигиталните алатки  начини за модернизација на наставниот процес. Современото образовиен, според експертите не може да се замисли без технологија, но никогаш во целост нема да ја замени човечката креативност и интеракција.

Реклама

„Вештачката интелегенција е едн меѓу првите која се јавува како нужна потреба да се дискутира од неколку важни аспекти, вклучително и етичкиот и педагошкиот. Факултетот за образовни науки е должен да ги отвара овие прашања„ изјави проф. д-р Трајче Стојанов, декан на ФОН-УГД.

Но ако на ChatGpt , побарате одговор на прашањето дали вештачката интелегенција ќе ги замени наставниците ќе прочитате дека-

 „Вештачката интелегенција не може целосно да ги замени наставниците и професорите, но може значително да го подобри и промени начинот на кој предаваат, а тоа е поради емоционална интелегенција и емпатијата, како и воспитна улога што ја има самиот наставник“.