Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Николовски се тие кои ги оставија земјоделците на цедило со неисплатени субвенции, владата на ВМРО-ДПМНЕ до сега исплати 11 милијарди денари

СДСМ продолжува да лаже и манипулира. Ниту откупната цена на пиперка е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ продолжува да лаже и манипулира. Ниту откупната цена на пиперка е 20 денари по килограм, ниту откупот е запрен. Динамиката за откуп на индустриската пиперка-ајварка се одвива непречено и во согласност со договорените услови со производителите, откупувачите и преработувачите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во договор со сите заинтересирани страни утврдено е откупот на пиперката да се одвива со одбитоци не поголеми од 3%, а откупната цена да не биде пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус.

Согласно договореното целата произведена пиперка ќе биде откупена и тоа добро го знаат земјоделците. Само СДСМ бара тема и причина да создава паника кај населението, во случајот земјоделците.

Реклама

Земјоделците многу добро се сеќаваат на периодот на власт на СДСМ, кога родот на земјоделците завршуваше на буниште, наместо во откупни центри по јасно утврдени правила.

Земјоделците, исто така, паметат и кој ги остави без субвенции, така што со преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, наследи долг од милијарда денари неисплатени субвенции.

А, за период од година и половина, актуелната влада исплати околу 11 милијарди денари за заостанати и тековни субвенции на околу 70 илјади земјоделци.

Ако некој земјоделството го клекна на колена и земјоделците ги остави на цедило, тоа се токму СДСМ со нивниот министер, Љупчо Николовски, кој наместо со нив на нивите, шеташе по белиот свет на државен трошок.

Министерството активно ја следи ситуацијата на терен и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е партнер и ги штити интересите на земјоделците.