Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Кашиковски: Префрлени се средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Префрлени се парични средства за исплата на августовската плата за вработените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Префрлени се парични средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, изјави претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој кажа дека исплатата следи по седумдневните протести од вработените на „Флораком“ и „Луна“, а денеска вработените одржале краток протест од 8:30 до 9:30 часот без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.  

Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно вработените од ЈП „Паркови и зеленило“,  „Флораком“ и „Луна“ нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје.

Реклама

Тој, воедно изрази благодарност до ЈП Водовод и Канализација кои префрлиле средства на ЈП Паркови и зеленило, од кои потоа се исплатени платите на вработените од Флораком и Луна.