Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

АЛФА ДОЗНАВА: Ново име во трката за судија во Стразбур- Деканот на Правен Сашо Георгиевски на списокот кандидати

Деканот на Правниот факултет на УКИМ и професор по меѓународно јавно право…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деканот на Правниот факултет на УКИМ и професор по меѓународно јавно право и право на ЕУ, Сашо Георгиевски е новото име на конкурсот за тројцата кандидати  што ќе се борат за судиското место во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, дознава Алфа од извори во судски истанци. Неофицијално заинтересирани кандидати кои вторпат се пријавиле на конкурсот се адвокатот Тони Менкиноски, екс директорката на Академијата за судии и обвинители Наташа Дамјановска Габер како и разрешената судијка од Врховен, Лидија Неделкова. Инаку, во среда во  Уставниот суд на затворена седница ќе заседава комисијата за избор на судии во Стразбур. Членовите ќе ги разгледуваат пријавите, ќе направат административна селекција и избор кои од кандидатите ќе бидат повикани на интервју.

Овој конкурс за избор на тројца судии во Стразбур е отворен по вторпат и траеше двојно подолго од првиот односно 30 дена.

Инаку, Владата формираше нова комисија, откако ја поништи листата на кандидати на која се најдоа имињата на специјалната обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова од Велес и адвокатот Апостолски со образложение дека не ги исполнуваат критериумите.

Реклама

Крајот на август новата комисија за избор на тројца кандидати за судија во судот во Стразбур го одржа првиот состанок во Уставниот суд. Комисијата брои пет членови, претседателот на Уставен, како и претседателите на Врховен, Кривичен, Граѓански суд и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

На првиот конкурс се пријавија 21 кандидат, а меѓу нив судии, јавни обвинители, но и познати адвокати. Меѓу нив се најде и името на членот и поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

На списокот беше и заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени како и  Даница Џонова, која работи  како владин агент за застапување на земјава пред судот во Стразбур. Кандидатура поднела и судијката од скопска апелација, Оља Ристова, како и адвокатите Јордан Апостолски, Валентин Пепељугоски, Иво Савиќ, Јелена Ристиќ, Соња Петрушева и Наташа Бошкова, која работи на прашања поврзани со човековите права. За работа во Стразбур заинтересирани кандидати беа и судиите Андреј Димовски, Али Алиу и Едита Наскова, обвинителот Дејан Петрески и поранешниот член на Антикорупциската комисија Шемси Салаи.

По изборот на тројцата кандидати, експертскиот Панел при Советот на Европа ќе одлучи кој ќе го наследи Јован Илиевски, кој беше шеф на македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.Тој во  2016-та“ беше избран од Парламентарното собрание на Советот на Европа за судија во во Стразбур, на местото на Мирјана Лазарова–Трајковска.