Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Филипче од Пехчево: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална ниту само политичка туку е економска и борба за достоинство, се вели во соопштението од СДСМ.

„Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче.

500 евра минимална плата на работниците за правото на човекот живее чесно од сопствената плата да може да доверба значи да му дадете семејство се бориме за правда за достоинство.

Реклама

Тој исто така оттаму испрати порака дека Пехчево е уште еден град од многуте каде нема инвестиции, нема горди граѓани. Пред граѓаните на Пехчево, Филипче зборуваше за лажното лице на власта и нивната двојна страна како власт и опозиција.

„Го слушам премиерот Мицкоски оди по митинзи и зборува како да сме лани, како да е сеуште во опозиција. Не обвинуваа лани за криминални тендери за перење пари, за несоодветни теми кога пред неколку недели неговата влада, неговите луѓе потпишуваат договори со истите тие фирми за коишто не обвинуваа. Се што сега очекував е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес-конференција во Белата палата и да го нарече неговиот премиер криминалец. Ете тоа е нивното лицемерие“, рече Филипче.

„Ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ мора да запре, затоа што нема светла иднина со лаги“, рече тој.  Ние на овие избори пред граѓаните истапуваме со чесни луѓе, со луѓе што имаат знаење, резултати, желба да се борат и да се изборат за подобри општини и подобар живот. Таков е и Златко Николовски кој сите вие добро го знаете. Такви се и нашите кандидати за советници.

Притоа, Филипче ги повика граѓаните на 19 октомври да одлучат дали ќе ги одберат лагите и неисполнетите ветувања на власта или ќе одберат борба за правичен дом и подобар живот за сите.