Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Почивалец: Нов модерен плоштад и ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за младите брачни парови до 30 години

Љупчо Почивалец кандидат за градоначалник за општина Радовиш од редовите на ВМРО-…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Почивалец кандидат за градоначалник за општина Радовиш од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека во  програмата има реални и изводливи проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Радовиш.

Почивалец претстави дел од проектите во програмата за овие избори.

„Уредување на речното корито и изградба на улици со целосна комунална инфраструктура од последниот мост до новиот парк „Воденица“.  Нов модерен плоштад како централно место за културни и социјални активности – со поставување на урбана опрема, осветлување и простор за настани.  Парк за рекреација и одмор на жителите, со пешачки патеки, детски игралишта и спортски реквизити  кој ќе биде зелена оаза за здрав и активен живот. Уредување на Урбан блок 15 со нова улична мрежа, канализација и водовод. Булеварско уредување на улица „Македонија“, влезот на градот, со кружен тек за поголема безбедност и уреден изглед достоен за Радовиш. Уредување на јавните површини во сите населени места, за достоинствен изглед и функционални простори за граѓаните“ реч Почивалец.

Реклама

Понатаму, Почивалец посочи и проекти кои се насочени кон младите во општина Радовиш.

„Драги мои, денес со особена гордост сакам да ви најавам и еден проект насочен кон младите, со кој ќе овозможиме намалување, а во одредени случаи и целосно ослободување од надоместокот за уредување на градежно земјиште за младите брачни парови до 30 години. Со оваа мерка ќе им ја олесниме патеката до сопствен дом и ќе им обезбедиме сигурна иднина – токму тука, во нашиот Радовиш.“ кажа Почивалец.

Почивалец на крај од своето обраќање ги повика граѓаните на општина Радовиш на 19 октомври да го заокружат број 9 за подобра иднина.

„Јас верувам во заедништво и сплотеност. Верувам дека кога работиме заедно, можеме да постигнеме големи работи. Мојот тим од советници е составен од професионалци од различни области, луѓе кои се докажале во своите професии и кои и порано и сега го вложуваат своето знаење и енергија за доброто на сите нас. И затоа на 19-ти октомври, сите заедно да излеземе и да гласаме за иднината! Заокружете го бројот 9! Гласајте за тимот кој работи и обезбедува реални решенија. Број 9! За професионална, одговорна и транспарентна локална власт. За континуитет и квалитет, за сплотеност и заедништво! За развој, на сите нивоа! Гласајте за чесност, за одговорност, за работни места и за просперитет“ заклучи Почивалец.