Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Четворица кандидати во изборната трка, Охриѓани го избираат градскиот татко

Идниот градски татко охриѓани ќе го бираат помеѓу четирите кандидати кои фрлиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идниот градски татко охриѓани ќе го бираат помеѓу четирите кандидати кои фрлиле око на градоначалничката фотеља. Во битка за престижната функција влегуваат двајца доктори- лути политички ривали, едниот од ВМРО ДМПНЕ другиот од СДСМ.

Првиот,д-р Кирил Пецаков стоматолог и актуелен градоначалник на Охрид,со длабока политичка кариера зад себе и искуство кое му овозможи да го води Охрид изминативе 4 години.Во мадатот кој го ситни, од 10-те приоротелни приоритети пректи кои им ги ветил на охриѓани, 8 се веќе реализирани и започнати.Раздолжувајќи ја удавената во долгови општина,подготвен е да ја продолжи својата визија, во уште еден мандат.

 “Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство.Во програмата, голем дел од нашата енергија е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура. Планираме:Реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“.Изградба на уште една катна гаража во спортскиот комплекс Билјанини извори”-вели Кирил Пецаков-кандидат од ВМРО ДПМНЕ

Реклама

Вториот кандидат со кој атакува СДСМ, е д-р Асен Шајн специјалист по ОРЛ, една година претседател на охридскиот огранок на СДСМ.Како тазе политичар вели дека има реални идеи, нов концепт и конкретен план за развој на Охрид.

 “Урбанистичкото планирање ќе има нова димензија,ќе воведеме нови еколошки практики,а крајбрежјето на Охридското езеро и уредување согласно препораките на Унеско.Културата и спортот ќе добијат нова енергија а туризмот ќе го градиме на одржливи темеи со грижа кон природата,историјата и локалните потреби”-вели Асен Шајн кандидат од СДСМ

 По трет пат на градоначалничката позиција атакува Стевче Стевоски од Твоја партија,тој е пензионер со високо образование кој свој работен век го поминал во СВР Охрид. Го прашавме што го мотивирало одново да поднесе кандидатура и што би направил за градот?

 “Не можеме да разговараме за повторна урганизација, повторни само градба, градба и градба за која нема сретства,сметам дека треба да се решат пред се проблемите со Буково,  проблемите со јавниот простор со паркиралишта проблемите на патниот правец Охрид-Свети Наум.Најголемиот проблем е иселувањето”-вели Стевче Стевоски од Твоја партија

 Четвриот кој влегува во изборната трка како независен кандидат, Гоце Цветкоски јавноста го запозна на претходните локални избори.

 “Прво ќе ја рушам дивограбата Северна а после дивоградбата северна ќе ги рушам сите други дивоградби со багер,ако тоа не е можно ќе одам по примерот на Еди Рама.Движење бојкотирам можете да не најдете на јуткуб не го прифаќаме новото име и ќе се бориме за самостојна и независна Македонија” –вели независниот кандидат Гоце Цветкоски

Инаку што се однесува до советот, поднесени се вкупно 11 листи за членови на советот на Град Охрид, седум од партии и четири независни листи.