Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Пазарот со станови во Штип во подем, расте побарувачката и цената по квадрат

Во Штип-пазарот со станови во подем. Расте побарувчката, ама расте и цената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Штип-пазарот со станови во подем. Расте побарувчката, ама расте и цената за метар квадратен. Највисоката цена во новоградба достигнува и до 1380 евра.  Само во првите три квартали во оваа година, во Штип, интересот за купување станбен простор е за 35% поголем во споредба со лани.

   „Продадени и поминати низ системот на општината се 190 станови, од кои 110 се новоизградени. Споредбено со 2024-та во цела година имало 125 новопродадени станови, што значи дека се забележува тренд на зголемување на продажбата. Инаку вкупната вредност на поминатите договори во општината е околу 7милиони евра„ изјави Драган Каров, од одделението за даноци при штипскат Локална самоуправа.

Од оваа сума, општинската каса прибрала околу 280.000 евра. Тоа е износот што се прибира од данокот на промет на недвижнини, кои изнесува 4%од секој склучен договор. Дел од становите што се нудат на пазарот се изградени претходните години и поради тоа имат малку пониска цена, но кај новоградбите цената постојано расте. Купувачите не бираат локации, интерес има за секој нов објект.

Реклама

  „Нема групирање во еден дел од градот, туку секаде каде што се градат нови згради сите станови се продаваат„ изјави Драган Каров.

Интересот за купување на станови порасна откако Штип, стана Универзитетски град и најголем дел од новосклучените договори се со државјани на Турција кои студираат овде. Според општинската статистика најголема продажбаа на станови имало во 2022, кога биле продадени 400станови, што би значело дека во Штип, секој ден во годината се продавал по еден стан.