Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Стоиловски: Зголемување на стипендии за најдобрите ученици, изградба на дом за стари лица и многу други проекти во Македонска Каменица

Нашата визија е Македонска Каменица да стане уште поудобно и современо место…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата визија е Македонска Каменица да стане уште поудобно и современо место за живеење. Затоа ќе продолжиме да реализираме проекти кои носат конкретни и видливи резултати, вели носителот на советничката листа за Макеоднска Каменица на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Стоиловски, стои во соопштението. 

Нашата цел е поддршка на младите семејства, децата, младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани. Предвидуваме ослободување од комунални давачки за првата куќа на брачни парови до 40 години.

Секое новородено дете ќе добива еднократен и месечен детски додаток во период од 9 месеци, а семејствата со три и повеќе деца ќе добиваат финансиски надоместок во траење од три години.

Реклама

Ќе се зголеми износот и бројот на стипендии за  најдобрите ученици во основното и средното образование, како и за учениците кои освоиле државни награди. Предвидено е зголемување на средствата и за децата и учениците од семејствата во социјален ризик.

Исто така, најдобрите ученици ќе имаат можност за еднодневни и викенд патувања, како и еднонеделни летувања. Дополнително, воведуваме новина за учениците кои активно учествуваат во општинските проекти. Тие како признание за вложениот труд и активности ќе добиваат соодветна финансиска поддршка од Општина Македонска Каменица.

Ранливите категории на граѓани преку новата програма ќе добијат социјална поддршка и субвенции за инвертер клими, топлински пумпи и велосипеди.

Преку проектот „Грижа во својот дом“, пензионерите ќе добиваат помош и постојана поддршка од обучени лица во областа. Ќе биде зголемена и поддршката за невладините здруженија кои работат и се грижат за социјална заштита на населението.

Ќе обезбедиме материјали и средства за подобрен престој во детската градинка и дневниот центар во Македонска Каменица, како и документација за изградба на дом за стари лица. Сите овие мерки и проекти ќе бидат реализирани во соработка со сегашниот и иден градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски со одговорно работење на Советот на Општината и правилно користење на средствата од општинскиот буџет.

За сигурна и подобра иднина на Македонска Каменица ве повикувам да ја дадете вашата поддршка за градоначалникот Димчо Атанасовски и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата „Твоја Македонија“. Гласот за број 9 значи глас за продолжување на развојот на Македонска Каменица.