Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Честитка на МАЕИ до премиерот Еди Рама за повторниот избор на функцијата

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до премиерот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до премиерот на Република Албанија,  Еди Рама, по повод неговиот повторен избор на функцијата претседател на Советот на министри(владата) на Албанија.

Во честитката, потпишана од претседателот на партијата Васил Стерјовски, се нагласува дека ова е нов мандат на доверба што граѓаните на Албанија му го дадоа на премиерот Рама да продолжи да ја води земјата кон развој и европска интеграција.

-Македонската заедница во Албанија, како неразделен дел од албанското општество, ги цени чекорите преземени од Вашата влада за унапредување на правата на националните малцинства, вклучувајќи го и македонското. Убедени сме дека за време на вашиот нов мандат, овој процес ќе се продлабочи уште повеќе, обезбедувајќи целосно почитување и застапеност на малцинствата во согласност со европските стандарди, се наведува во честитката на МАЕИ.

Реклама

Партијата дополнително изразува надеж дека владата ќе продолжи да инвестира во областите каде што живее македонската заедница, особено во инфраструктурата, образованието, културата и економскиот развој, со цел подобрување на животот на граѓаните и зачувување на македонскиот национален идентитет.

На крајот, Македонска алијанса за европска интеграција му посакува на премиерот Еди Рама понатамошни успеси во неговата благородна работа за развој на Албанија и зајакнување на демократијата, на патот кон членство во Европската Унија.

МАЕИ на последните парламентарни избори во Албанија, што се одржаа на 11 мај, беше во коалиција со Социјалистичката партија, како единствена партија со која социјалистите на Рама коалицираа.  На кандидатската листа за пратеници за округот Корча беше Стерјовски, кој беше единствен Македонец на кандидатска листа во сите 12 изборни единици од сите партии. Тој на изборниот митинг во Корча, на кој присуствуваше и Рама присутните ги поздрави на македонски.