Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Богдановски: Теарце добива нов резервоар за вода, мултифункционални игралишта и подобрување на патната инфраструктура 

Томислав Богдановски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за Советот на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Томислав Богдановски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за Советот на Општина Теарце, на денешниот митинг во општина Теарце, кој е во рамки на кампањата за локалните избори, и истата се води под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, истакна дека Општина Теарце заслужува подобри услови за живот. Тој додаде и дека ќе се вложува во   патишта, осветлување, училишта, спорт, култура и туризам и како што вели тој, никој нема да биде заборавен.

,,Стојам пред вас како млад човек, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Теарце. Стојам со чисто срце, со јасна визија и со безрезервна волја да ја вложам целата своја енергија за подобрување на животот на секој жител во оваа општина“ рече  Богдановски.

Тој истакна дека Непроштено има реална потреба од ново училиште за учениците кои учат на македонски јазик, како и од подобрување на општата инфраструктура, спортските и рекреативните површини, осветлувањето.

Реклама

,, Мојата најголема сила не доаѓа од функцијата, туку од вас, граѓаните. Јас ќе бидам тој што ќе го даде својот придонес за Непроштено да живее достоинствено, онака како што заслужува. Непроштено заслужува реновирано спортско игралиште, рекреативно катче за најмалите, модерна инфраструктура“, истакна Богдановски.

Богдановски додаде дека Лешок заслужува пристоен животен стандард преку обезбедување чиста вода за пиење, подобрена инфраструктура и улично осветлување, уреден влез во селото и безбедни патишта

,,Лешок не заслужува да биде само убаво име на хартија, туку и место кое ќе биде центар на туризмот во Полошкиот регион“, кажа Богдановски и додаде:

,,Ние сме 7 села со седум срца кои чукаат заедно. Јас нема да ве гледам како гласачи, туку како соработници. Ќе бидам тука не само пред избори, туку секогаш кога ќе треба . Го познавам секое село, секој сокак, секој проблем  и заедно ќе ги решаваме. Со поддршка од централната власт и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, знам дека ќе успееме“.