Реклама
Прилози

Штипјани пред избор: Јорданов или Иванов, кој ќе го води градот во следните четири години?

Двајца кандидати, една одлука-граѓаните на Штип, ќе одлучуваат кој ќе го води…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца кандидати, една одлука-граѓаните на Штип, ќе одлучуваат кој ќе го води градот во наредните четири години. Иван Јорданов, од Вмро-Дпмне и Павел Иванов, од СДСМ се во трката за градоначалниката фотеља. Со различни визии и програми за развојот на градот , на 19 октомври ќе ја бараат довербата на гласачите..

Јорданов, најавува дека ќе ја води општината, по веќе утврдената патека. Го гледа Штип, како модерен и развиен град кој ќе нуди повеќе можности за младите, развој на локалната економија, функционална инфраструктура. Ветува завршување на веќе започнатите, но и нови проекти-доизградба на обиколницата, нови катни гаражи, повеќе паркинг места. Доколку победи на овие избори, ќе стане првиот градоначалник на Штип, со два последователни мандти..

„Ова се проекти по барање на граѓаните кои се влезени во изборнат програма. Но, не само конкретните проекти, суштинско е тоа што граѓаните, може да очекуваат пристап на посветеност, на решавање на проблемите, на сервис кои верувам дека во изминатите четири години го забележаа, различно од досега и верувам дека Штип, има огромен капацитет и потенцијал да стане еден од нај развиените градови во нашата држава„ изјави Иван Јорданов, кандидат за градоначалник од Вмро-Дпмне.

Реклама

Неговиот противкандидат од СДСМ, Павел Иванов, настапува под слоганот „Се бориме за Штип„ . Во неговата програма главни приоритети се изградба на нова станбена населба за млади брачни парови, нов инклузивен дом за лица со посебни потреби, намалување на котизација во градинките, како и изградба на стречки дом.

„Самата програма што ја направивме е со цел и визија, односно слободно можам да кажам дека е граѓанска програама и потекнува од нашите сограѓани. Тоа што тие го бараа од нас, го ставивме во програмата. Програмата е направена така што да се реализира во наредните четири години-односно секој еден проект што е ветен да биде и релизиран. Генерално, барањата на луѓето од третата доба е Штип, да има стречки дом„ изјави кандидатот за градоначалник на СДСМ, Павел Иванов.

И додека изборот за градоначалник е сведен  само на двајца кандидати, состојбата со советничките листи е поразлична. На овие избори штипјани, ќе може да гласт за  11 советнички листи со 253 кандидати, од кои ќе треба да изберат 23 советници. .

Најмногу листи за советници биле пријавени во 2009 година, кога се поднесени дури 14советнички листи.