Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Тензично пред транспортен центар каде приватните превозници си ги бараа парите од директорот на ЈСП Скопје

Нема крај на хаосот во јавниот превоз во Скопје. Денешната средба меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема крај на хаосот во јавниот превоз во Скопје. Денешната средба меѓу приватните превозници и директорот на ЈСП, Драги Кушевски, за малку ќе прераснеше во физичка пресметка. Причината – долгот што градското претпријатие го има кон приватниците во период од шест месеци. Тензијата ескалираше кога претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, прво бурно реагираше на изјавата на директорот Кушевски дека долгот изнесува околу 60 милиони денари – што е речиси трипати помалку од сумата што тие ја бараат. Приватниците велат дека градското претпријатие им должи 170 милиони денари за шест месеци и дека повеќе не можат да возат под овие услови. Според нив ЈСП има има долг кон трите претпријатија „Јофи Бус“, „Радос“ и „Вестор Транс“.

„Ако не ни се уплати, ние без пари не можеме да продолжиме да возиме. Значи ние ќе чекаме стрпливо до понеделник нека не известат, ако има пари ние ќе продолжиме да возиме. Ние никогаш не сме правеле проблем за таа работа“, изјави Јовица Зафировски – приватен превозник „Јофи Бус“.

„Види ти си платил 10 милиони за март. Мене ми должиш уште 3 милиони за март. Кој месец сме сета? Кој месец сме сега?!“, изјави приватен превозник Менет Асами од „Вестор Транс“.

Реклама

Дека состојбата со ЈСП не е идеална призна директорот Кушевски, но според него долгот не е толкав колкав што го кажуваат приватниците и ги обвини дека манипулираат со граѓаните.

„Ја знаеме состојбата во која се наоѓа ЈСП веќе години наназад. Но, тоа не ни е никакво оправдување. Откако сум дојден јас долгот се намалува. Долгот не е тој што беше кажан сега. Нека ги покажат финансиските картици. Долгот во моментов е околу за тројцата превозници 60 милиони денари…. Тоа не е точно, тоа не е точно… Покажете ги картиците… Ќе ги покажеме. Долгот само кон мојот пакет е 30 милиона“…

Приватниците ќе чекаат повик од Кушевски до понеделник и доколку средствата не им се уплатат, прво ќе почнат да возат редуцирано, а  потоа ќе ги паркираат автобусите во гаража. И додека едните бројат долгови, а другите тврдат дека ги намалуваат, илјадници скопјани секојдневно ја плаќаат цената замрзнати на автобуските постојки, со часови чекајќи превоз.