Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Ангелов во посета на Хрватска, се разгледува можноста ер-тракторите да се сервисираат во Воздухопловно техничкиот центар на Хрватска

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов од вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов од вчера е во дводневна работна посета на Хрватска. Како што информираат од ДЗС, на вчерашната средба со Ивица Видовиќ, директор на Воздухопловно техничкиот центар на Хрватска, била разгледана можноста за сервис на ер тракторите на ДЗС во овој Центар.

-Во текот на вчерашниот ден Ангелов одржа работна средба и со Славко Туцаковиќ, главен заповедник на хрватските Противпожарни сили и Анте Санадер, претседател на хрватската Противпожарна заедница и пратеник во хрватското Собрание. На средбата Ангелов беше запознат со структурата и начинот на функционирање на хрватската противпожарна служба после реформите направени пред неколку години. Денеска Ангелов ќе ја посети Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска каде ќе се сретне со директорот Невен Карас и раководниот тим, соопшти ДЗС.

Во текот на денешниот ден, како што се посочува во соопштението, Ангелов ќе се сретне и со главниот командант на Јавната противпожарна станица на Загреб Синиша Јембрих и неговиот тим.