Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Атанасовски: Туризмот ќе биде главен приоритет за развој на Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски, најави дека развојот на туризмот ќе биде еден од главните приоритети доколку ја добие довербата на граѓаните на претстојните локални избори.

Атанасовски истакна дека Македонска Каменица има голем потенцијал да стане препознатлив туристички центар во државата и на Балканот, што, како што рече, ќе донесе нови инвестиции, работни места и подобар квалитет на живот за жителите.

– Верувам дека Македонска Каменица има огромен потенцијал и токму затоа туризмот ќе биде во центарот на нашите политики. Со негов развој ќе обезбедиме економски раст и развој за сите граѓани, порача Атанасовски.

Реклама

Тој ги повика граѓаните на 19 октомври да ја дадат поддршката за него како кандидат за градоначалник, како и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски.

Коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ настапуваат на изборите со број 9.