Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Димитровски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица во Скопје ги раководи сите институции низ градот, а бараат одговорност во друг

„Актуелната градоначалничка направи една коалиција во Советот со којшто соработува, со нејзините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Актуелната градоначалничка направи една коалиција во Советот со којшто соработува, со нејзините партнери, коишто назначуваат директори на институциите и јавните претпријатија, тие се генерално или од делот на градоначалничката или се од ДУИ или се директори поставени од Левица во културните институции во градот. И таа коалиција да речеме, еве сега и СДСМ им помага, ги релативизираат работите, и помагаат на градоначалничката да глуми жртва“, рече во своето излагање, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, професорот Даме Димитровски, се наведува во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека Советот имаше контролна улога, која добро си ја работеле, а во делот на негласањето за набавка на нови автобуси, Димитровски го изнесе своето мислење дека советниците требале да имаат увид во набавката, а не без да знаат каде одат парите на скопјани. 

„Советот имаше улога контролна, каква што треба да има улога и ако ме прашувате за автобусите, веднаш ќе ви кажам. Не може на барањето дајте ми пари за да купам автобуси, Советот да одговори нема проблем еве веднаш. Ова е Совет којшто располага со парите на граѓаните. Со парите на граѓаните мора да се располага одговорно, а колку што јас имам информации, немало доволно информации во врска со оваа набавка“, појасни Димитровски. 

Реклама

Носителот на советничката листа, се осврна на нападите за некакви прстиња во мед, каде што појасни дека доколку имало некаков криминал, СДСМ немаше да го остави тоа така, туку веднаш ќе постапеле на нивен познат начин. 

„Доколку имаше некаква случка поврзана со некакви си рачиња во медот, поврзана со криминал за директорот којшто го водеше Водовод, СДСМ беше на власт, градоначалничката е на власт и тие ја поддржуваат генерално, досега ќе имаше тужба, ќе имаше некаков судски епилог, ќе имаше каква било постапка којашто ќе ја поведоа, но тие не поведоа ништо и човекот што го водеше Водовод се повлече тогаш со чист образ“, заклучи Димитровски.