Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира изборната кампања ја почна од Лабуништа

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира изборната кампања синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира изборната кампања синоќа ја почна од Лабуништа.

Изградба на градинка со капацитет за згрижување од 300 деца, водовод и канализација, урбанизација на селото, изградба на спорски терени, повеќе паркинг места…. се дел од проектите што им ги вети на жителите на Лабуништа.

– Лабуништа е место каде што жртвата, трудот и печалбарството напишале историја. Но, тоа е и место на неисполнети ветувања. 20 години владееја истите луѓе со празни зборови. Ова мора да заврши, рече Ќира.

Реклама

Барајќи ја поддршката на лабуништани, тој ги повика да гласаат за него, да го заокружат бројот 133 за градоначалник и број 7 за советничката листа на ВЛЕН.

Носителот на советничката листа на ВЛЕН за Струга Амир Ќазими присутните ги повика да дадат поддршка за независниот кандидат Ќира и за листата на советници на ВЛЕН и да донесат промена на Струга.

– Менди Ќира е човек со визија, искрена воља и енергија да работи за сите нас. Тој знае да слуша, да разбере и најважното знае да работи, рече Ќазими.

Ќира и Ќазими ветија транспарентна, одговорна и развиена општина Струга.